ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев со најдобра пролетна форма, но и со најефикасен напад и најдобра одбрана!

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев ја има најдобрата форма на последните пет натпревари од Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ под водство на новиот тренер Ѓорѓе Стојчев играат фантастично – собраа 13 од можни 15 бодови со скор од четири победи и едно реми.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Академија Пандев го има најефикасниот напад од 13 постигнати погодоци, практично „пандевци“ се единствените кои на последните пет натпревари имаат двоцифен број на постигнати голови. Струмичани ја имаат и најдобрата одбра од само еден примен погодок.

Младиот тренер Ѓорѓе Стојчев ја носи Академија Пандев кон Европа

Ваквата игра ја искачи Академија Пандев на второто место на табелата во ПМФЛ со 45 освоени бодови, 10 помалку од лидерот Шкупи, а еден повеќе од третопласираната Шкендија. Целта на Академија Пандев е излез во Европа, а со ваква игра сосема сигурно ќе го гледаме струмичкиот клуб на европската сцена.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247

Што се однесува на табелата во однос на формата од последните пет натпревари скор од по четири победи и едно реми, како и собрани 13 од можни 15 бодови имаат и Шкупи и Македонија Ѓорче Петров.

Р. Дукова

На дното според формата е Борец кој на последните пет натпревари има пет порази, со гол разика од ниту еден постигнат погодок, а примени дури 13.

  • ТАБЕЛА СПОРЕД ФОРМАТА ОД ПОСЛЕДНИТЕ 5 НАТПРЕВАРИ ВО ПРВА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!