Академија Пандев со голема победа во Кратово против Силекс

Екипата на Академија Пандев дојде до големи три бодови на тешкото гостување во Кратово и со победа од 1:2 над Силекс ја затвара полусезоната во Првата македонска фудбалска лига. Струмичани одиграа одлични 90 минути и ги искористија сите грешки на домаќините за пета сезонска победа.
Домаќините на овој натпревар важеа за фаворити и се очекуваше да имаат иницијатива и контрола врз натпреварот, но, „пандевци“ одиграа многу подобро беа поконкретни и во одбрата и во нападот. Веќе во 22. минута Трапановски ја смести топката во мрежата на домаќините за 0:1. До крајот на натпреварот струмичани играа подобро и притискаа за втор гол, но, мрежите мируваа.
Во вториот дел Силекс продолжи со грешките, а Академија Пандев ги казни со погодок за 0:2. Во 75. минута погоди Ивановски за конечните 1:2.
Академија Пандев и покрај победата и новите три бодови останува на 11-тото место на табелата и во опасната зона, затоа што Пелистер дојде до минимална победа во Тетово над Шкендија. Силекс е осми со 22 бодови.