ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев со голема победа над Македонија ЃП

Академија Пандев запиша голема победа над Македонија Ѓорче Петров на СЦ „Пандев“ со 2:1 во меч од 21. коло од Првата македонска фудбалска лига. Деби-триумф за новиот тренер Александар Васоски на клупата на „пандевци“.


Домаќинот резултатот го отвори во 11. минута со атрактивен гол на Радески Марјан. На полувреме се замина со 1:0. Во вториот дел „лавовите“ во 56. минута со гол на Божиновски Боби израмни на 1:1. Одличната игра и мотивот за победа кај Академија Пандев продолжи и во 86. минута со гол на Крстовски Марио дојде до ново водство од 2:1 кое успешно го сочува до крајот на натпреварот.

„Пандевци“ остануваат на 11-тото место со 21 бод, но имаат сега само четири бода негатива во однос на осмото место, кое е надвор од опасната зона. Македонија ЃП станува на третото место со 35 бодови.

Целата табелата од Првата лига погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!