ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев со голем триумф во Тетово над Ренова

Академија Пандев денес на гостувањето во Тетово кај Ренова забележа нов триумф од 1:2 во воведниот натпревар од 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Резултатот беше отворен пред крајот на првиот дел од натпреварот за водство на струмичани со погодок на Оусман Маронг. Во вториот дел голгетерот Мартин Мирчевски ја стресе мрежата на Велии за 0:2. Во последните секунди од натпреварот Ремзифаик Селмани постигна гол за конечните 1:2.

Сега Академија Пандев се наближува на само еден бод до лидерот Шкупи кој утре ќе биде домаќин на Струга, додека пак Ренова останува трета, со можност утре да „падне“ неколку места на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!