ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев слободниот викенд ќе го користи за тест со Кожуф

Академија Пандев утре ќе одигра контролен натпревар против второлигашот Кожуф во Гевгелија.

Поради „важноста“ само нашиот првествен натпревар против Работнички да се одигра минатиот викенд, сега ние сме слободни и ќе го искористиме за одигрување на пријателски натпревар, велат од Академија Пандев.

Струмичкиот прволигаш во отежнати снежни услови го одигра првиот пролетен натпревар против екипата на Работнички, додека останатите пет натпревар беа одложени за претстојниот викенд, токму поради лошите временски услови. „Пандевци“ викендот се слободни и ќе тестираат со Кожуф од Гевгелија.

Натпреварот започнува во 13:00 часот на градскиот стадион во Гевгелија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!