ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев се засили со Стојчевски и Ферати

Андреј Стојчевски и Бесник Ферати се последните засилувања за Академија Пандев во зимскиот преоден рок. Двајцата играчи за врска ќе ја зголемат конкуренцијата во средниот ред и се ставени на располагање на тренерот Васоски за наредниот првенствен натпревар.

17-годишниот Стојчевски е дете на Вардар, додека Ферати кој има 20 години е нешто поискусен и во својата кариера има настапувано за Шкупи и Партизани од Тирана.

Академија Пандев утре во 14:00 против Работнички ја отвара пролетната полусезона од ПМФЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!