ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев ремизираше со Кожув на тестот во Гевгелија

Академија Пандев денешниот „слободен“ викенд го искористи за да одигра контролен натпревар со второлигашот Кожуф на Градскиот стадион кој заврши со нерешен резултат 1:1.

Стрелец на погодок за „пандевци“ беше Марјан Радески.

Академија Пандев имаше „слободен“ викенд затоа што минатиот викенд го одигра натпреварот од 19. коло против Работнички на СЦ „Пандев“ во Струмица во отежнати снежни услови, додека останатите пет натпревари беа одложени токму од таа причина.

Академија Пандев во 20. коло од Првата лига ќе гостува кај Шкупи, додека Кожуф пролетната полусезона од Втората лига – Исток ја отвара на домашен терен против радовишка Плачковица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!