ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА
Академија Пандев ремизираше со Детонит, Беласица убедлива против Кожуф, дебакл на Тетекс

Академија Пандев продолжува со подготовките за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. „Падневци“ одиграа нов пријателски натпревар против амбициозниот тим на Детонит Плачковица кој заврши со резултат од 1:1.
Беласица, пак, одигра пријателски меч против Кожуф, кој го декласираше со убедливи 1:4. За струмичани стрелаа Симевски кој беше двоен стрелец во 20. и 36. минута, Коцев во 69. минута и Митовски во 76. минута.
Гостивар, кој цели кон директен пласман во ПМФЛ го збриша Тетекс со убедливи 5:1. За екипата на Гостивар стрелци беа Рамадани, Петковски, Стојанов, Сухејб и Муча.