ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев против лидерот Шкендија

Академија Пандев во недела на СЦ „Пандев“ во Струмица го чека лидерот на табелата Шкендија од Тетово, во меч од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пандевци се вратија на победите откако во претходното коло славеа над Борец со 2:1. Од друга страна доаѓа Шкендија која во досегашниот тек од сезоната нема претрпено пораз, што ќе биде тежок натпревар за домаќините.

Мотив за победа има и кај двете екипи. Академија Пандев со евентуална победа ќе има 17 бодови и можност да направи скок на табелата со едно место, во случај на реми или пораз на Ренова која на домашен терен ќе игра со Шкупи. Мотивот е голем и кај Шкендија, која со евентуална победа би имала 39 бодови, а во случај на реми или пораз на Шкупи од Ренова и на Македонија Ѓорче Петров од Вардар, тогаш бодовната разлика ќе се зголеми и сигурно ќе чекорат кон титула во домашниот шампионат.

Грујоски Александар од Кичево ќе ја дели правдата на мечот во Струмица, додека негови помошници ќе бидат Лика Куштрим и Јанкуловски Зоран, исто така од Кичево. Четврт судија на натпреварот ќе биде Иванов Игро од Велес. За делегат на натпреварот е делегиран Стевковски Боби од Скопје, додека конторлор ќе биде Стојановски Драге од Куманово.

Мечот ќе стартува во 13:00 часот и ќе се игра без публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!