ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев потпиша соработка со Брера од Милано: Новата ера на фудбалот започнува од Струмица

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев потпиша соработка со италијанскиот фудбалски клуб Брера од Милано, со што „пандевци“ ја најавија новата ера на фудбалот која започнува од Струмица.

„Нови почетоци за нови успеси! Да се биде најдобар, меѓу другото, подразбира и да се биде иновативен, отворен за соработки и подготвен да му се спротивставиш на конвенционалното. На огромно задоволство би сакале да ви го најавиме нашето ново големо партнерство со италијанскиот фудбалски клуб Брера од Милано – почеток на една нова ера во фудбалот преку иновативен и современ пристап кон фудбалското работење и една сосема поинаква и возбудлива приказна“, стои во соопштението од Академија Пандев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!