ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев потпиша со Најденов и Цикарски, кои се враќаат во мак-фудбалот

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев денес промовираше две нови имиња за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ минатата сезона беа вицешампиони и настапуваа во Европа. Денес во Струмица беа промовирани Мите Цикарски и Бојан Најденов.

Цикарски настапува на левата бековска позиција, а во Струмица доаѓа од редовите на Ботев Пловдив каде помина година и половина. 29-годишникот претходно настапвуаше и за Вардар и Работнички во Македонија, додека пак на меѓународната сцена беше дел од Газ Метан (Романија), Пас Џианина (Грција), Етников (Кипар), а како младинец беше дел од Партизан.

Во мак-фудбалот се враќа и 30-годишниот Бојан Најденов кој е повратник во Струмица, доаѓа од редовите на црногрскиот тим Искра Даниловрад. Претходно, Најденов настапиваше и за Навбахор од Узбекистан, беше дел од Вардар, Работнички, Хоризонт Турново и Кожуф, додека пак во странство настапуваше и за Лачи, Естегал и Смуха.

Целта на Академија Пандев за новата сезона ќе биде атак на првите три места кои водат во Европа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!