ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев остана без тренер, Васоски по поразот од Работнички си поднесе оставка

Академија Пандев денес на домашен терен во Струмица загуби и од Работнички (0:2) и веќе два месеци не знае за победа во Првата македонска фудбалска лига.

По поразот од „романтичарите“, тренерот Александар Васоски си поднесе оставка, откако ја превзеде одговорноста за резултатите.

Васоски по враќањето од Сараево се врати на тренерската клупа на струмичкиот прволигаш, но на ниту еден натпревар не успеа да обезбеди триумф.

„По последниот пораз и серијата на лоши резултати, ја преземам одговорноста и поднесувам оставка од клупата на Академија Пандев. На клубот му посакувам успеси во иднина“, напиша Васоски на својот фејсбук профил.

Академија Пандев со осум освоени бодови е на претпоследното место на табелата, а во следното коло ќе гостува во Тетово кај Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!