ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев очекувано со победа над Беласица, Работнички со триумф над Силекс

Фудбалерите на Академија Пандев сосема очекувано го добија Градското дерби со Беласица откако на „Благој Истатов“ славеа со 0:2 и се на чекор до сигурен опстанок во Првата лига. „Пандевци“ во последното коло сами ќе си ја решат судбината, дали ќе изборат сигурен опстанок или ќе одат во бараж за опстанок. Уште во 2. минута беше отворен резултатот со гол на Ване Јованов. Во 14. минута судијата Јакимовски покажа на белата точка, а Марјан Радески успешно реализираше за конечните 0:2.

Работнички го доби Силекс со резултат од 3:1, па кратовчани во последното коло ќе мораат да триумифраат над Струга Трим Лум, но и да се надеваат на пораз на Академија Пандев од Борец со цел да избори сигурен опстанок. Силекс прв го отвори резултатот во 10. минута со гол на бугарскиот интернационалец Игнатов. Во 22. минута Марио Станковски погоди за 1:1. Во вториот дел „романтичарите“ го свртеа резултатот во 68. минута со погодок на Тодоровски, а две минути подоцна Ѓурѓевиќ ги постави конечните 3:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!