ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев обезбеди „виза“ за Европа, Струга убедлива против „лавовите“

Академија Пандев на домашен терен триуфмираше над Работнички со 2:1 и со тоа обезбеди „виза“ за фудбалска Европа. „Пандевци“ денес го одиграа последниот натпревар пред домашната публика и ги грабнаа трите бодови, а по киксот на Шкендија и поразот на „лавовите“ од Ѓорче, струмичани сезоната и дефинитивно ќе ја завршат на второто место на табелата.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Оусман Маронг и Кристијан Велиновски беа стрелец „пандевци“, а за „романтичарите“ во вториот дел погоди Марио Станковски.

Со двата погодоци на Немања Босанчиќ и едниот на Буњамин Шабани стружани обезбедија убедлив триумф над Македонија Ѓорче Петров од 1:3. За „лавовите“ стрелец на единствениот гол беше Арби Воша.

Брегалница со голот на Милан Џокиќ обезбеди нов триумф над Тиквеш на домашен терен (1:0).

Ренова со 2:0 славеше победа над Скопје на домашен терен. „Гипсарите“ до триумфот дојде со погодоците на Александер Борха Кордоба и Фатјон Јусуфи.

Пелистер го доби дербито од дното со Борец на домашен терен со 2:1. За битолчани тоа беше втор сезонски триумф. Бобан Здравевски и Петар Љамчевски беа стрелци за домаќинот, а за гостите од Велес погоди Кристијан Николовски.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Дербито во Тетово меѓу ланскиот прволигаш Шкендија и новиот шампион Шкупи заврши без победник и без погодоци (0:0).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!