ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев новата сезона ја стартува во ноќен термин под рефлектори против Струга

Академија Пандев во недела против Струга Трим Лум ќе ја започне новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Сите натпревари од 1. коло ќе стартуваат во 17:30, освен дуелот меѓу „пандевци“ и стружани кој ќе започне во ноќен термин под рефлектори со почеток од 20:00 часот.

Академија Пандев како домаќин нема да игра на СЦ „Пандев“ односно на нивниот домашен терен, туку на „Благој Истатов“ каде што игра Беласица.

Претходно од 17:30 силите ќе ги одмерат Работнички и Борец во Скопје, Тиквеш и Шкендија во Прилеп, Ренова и Скопје во Тетово, Брегалница и Шкупи во Штип и Македонија ЃП и Пелистер во Скопје.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!