ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев конечно победи, Струга ја „тресна“ Шкендија, Тиквеш го „потопи“ Работнички

Дербито на колото во 15-тата рунда од Првата македонска фудбалска заврши со минимална победа од 1:0 над Шкендија, по што стружани конечно им се вратија на победите и тоа токму на дербито со тетовскиот ривал за титулата.

Покрај езерото единствен стрелец беше Христијан Малески, кој погоди во 40. минута од мечот. Трите бодови се повеќе од важни за Струга која е лидерот со 30 бодови, пет повеќе од второпласираниот Шкупи, кој па на Градскиот стадион во Кичево со 3:1 славеше над Скопје.

За чаирчани не беше проблем што како домаќини играа дури во Кичево. Настевски ги донесе „пиратите“ уште во 3. минута во водство од 0:1, но брзо шампионот го сврте резултатот на 2:1. Реналдо во 19. минута погоди за 1:1, а пак Маргбелашвили за 1:2, три минути подоцна.

Во вториот дел Валид Хамиди ги постави конечните 3:1 со што Шкупи се проби на второто место на табелата.

Тиквеш го декласираше Работнички во Кавадарци со високи 3:0 и продолжува да гази кон местата кои водат во Европа. „Романтичарите“ продолжуваат да тонат на табелата и се блиску до бараж зоната за опстанок.

Иван Ивановски во 37. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел за Тиквеш стрелаа Даниел Миловановиќ како и Николај Христов за конечни 3:0.

Во финишот односно 84. минута Тиквеш остана без играч помалку на теренот, откако Андреј Лазаров заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра поради недозволен старт.

Академија Пандев конечно победи во ПМФЛ и стигна до само трето сезонска славје, откако на „Благој Истатов“ во Струмица со 3:0 славеше висока победа над Силекс од Кратово.

Илија Донов беше стрелец на првиот гол за водство на Академија Пандев на полувреме од 1:0. Во вторито дел Димитар Трајков погоди во 47. минута за двојна предност, а конечните 3:0 ги постави Виктор Ангелов во 81. минута од мечот.

„Пандевци“ последен пат во ПМФЛ славеа на 31. август кога во рамки на 5. коло славе над Скопје со 3:0. Сега Академија Пандев е на деветото место на табелата со 12 бодови, а доколку и во следното коло слави на „фенерџијата“ Скопје, тогаш „пандевци“ ќе чекаат пораз на Работнички од Македонија ЃП со што би излегле и од бараж зоната.

Колото ќе биде комплетирано утре кога во Ѓорче ќе се соочат Македонија ЃП и Брегалница.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПМФЛ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!