ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев ја закажа првата контролка: На 25 јуни против Левски во Софија

Вицешампионот Академија Пандев сезонава уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите клубови во мак фудбалот. Струмичани испишаа уште една успешна сезона со тоа што ќе бидат наши претставници во Европа.

Академија Пандев ќе биде наш преставник во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, а со поволна ждрепка, „пандевци“ може да испишат нова страница од историјата на клубот, откако пред две сезони преку Купот, Академија Пандев играше квалификации од Лига Европа, но беше елиминирана во првото квалификациско коло.

Момците на Ѓорѓе Стојчев до 6 јуни заслужено одмараат, а потоа ги „палат моторите“ за подготовките за европските настапи. Струмичкиот прволигаш ќе започне со подготовки на домашно тло, а на 19 јуни екипата ќе замине во Банско каде ќе останат до 30 јуни.

Академија Пандев веќе го договори и првиот контролен натпревар, на 25 јуни во Софија, Бугарија ќе се соочат со актуелниот Куп-освојувач, екипата на Левски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!