ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Академија Пандев ја торпедираше Беласица Петрич

Академија Пандев со убедливи 5:1 ја декласираше Беласица Петрич од Бугарија на генералката пред стартот на пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот се игра на СЦ „Пандев“ во Струмица.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ АПАРТМАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<
Струмичкиот прволигаш пролетната полусезона ја заврши на второто место на табелата, целта на „пандевци“ во пролетниот дел ќе биде да се задржат на местата кои обезбедуваат излез во Европа и да продолжат да го напаѓат врвот каде што се наоѓа Шкупи.