ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев ја прегази ЦСКА Софија

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев забележа убедлива победа над ЦСКА Софија од 0:4 во последниот контролен натпревар во Анталија.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА КОТВА.МК <<<

Одличен натпревар за „пандевци“ пред враќањето во Македонија. Сашко Пандев во 34. минута го отвори резултатот за водство на Академија Пандев од 0:1 на полувреме. Во вториот дел Бакар стрелаше во 53. минута, Димоски во 69. минута и Георгиев во 72. минута ги постигнаа трите погодоци за конечни 0:4.

Академија Пандев на претходните контролки загуби од косовски Лапи со 0:2, потоа ремизираше со српски Нови Пазар играјќи 1:1, а реми без погодоци (0:0) забележа и против руска Крилија Советов.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!