ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев или Силекс кој ќе обезбеди сигурен опстанок !?

Во недела се игра последното коло од Првата македонска фудбалска лига кое ќе донесе голема неизвеснос и многу возбуда.

Најголемото внимание ќе биде насочено кон Кратово и Струмица. Академија Пандев или Силекс за сигурен опстанок, Струга Трим Лум или Македонија ЃП за излез во Европа.

Академија Пандев судбината ја има во свои раце и на домашен терен ќе решава против Борец. Велешани веќе го обезбедија опстанокот во Првата лига и на СЦ „Пандев“ ќе истрчaат без притисок, па тоа може да биде дополнителен мотив кај „пандевци“ да ги грабнат трите бодови и на тој начин уште во недела да го обезбедат прволигашкиот статус. Силекс ќе има тешка задача на домашен терен. Најпрво ќе мора да ги обезбеди трите бодови против Струга, а потоа да се надева и на „кикс“ на Академија Пандев на домашен терен со Борец, бидејќи само така кратовчани ќе го обезбедат сигурно прволигашкиот статус.

Битката за Европа ќе биде голема и неизвесна до последниот судиски свиреж. Македонија ЃП е во поповолна ситуација бидејќи игра против отпаднатиот Вардар, па трите бодови се „резервирани“ за „лавовите“, додека Струга Трим Лум ја очекува многу потешка задача во Кратово каде ќе игра против Силекс кој исто така силно атакува по трите бодови со цел да избори сигурен опстанок.

Сите натпревари стартуваат во недела со почеток од 16:00 часот.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!