ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Академија Пандев и тренерот Ѓорѓе Стојчев се разделија

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе бара нов тренер, откако клубот и тренерот Ѓорѓе Стојчев се разделија.
Разделбата доаѓа по денешниот пораз на „пандевци“ од непоразениот лидер Струга Трим Љум (0:3). Стојчев на тренерското место дојде како наследник на Александар Васоски.
По шест одиграни кола Академија Пандев има скор од две победи, три порази и едно реми, со вкупно 7 бодови е на петтото место на табелата.
Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен
Во следното коло Академија Пандев ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.