ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев и Работнички го отвараат пролетниот дел во ПМФЛ, во недела дерби меѓу Вардар и Пелистер

Во сабота стартува пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Академија Пандев и Работнички.

„Пандевци“ ќе важат за благи фаворити на СЦ „Пандев“ предводени од новиот тренер Александар Васоски. „Романтичарите“ во Струмица исто така доаѓаат предводени од новиот тренер Александар Влахо. Двете екипи имаат ангажирано неколку нови квалитетни засилувања за пролетните предизвици од ПМФЛ, па во сабота ќе гледаме голем дуел кој ќе се пренесува и на МРТ.

Во недела се игра големото дерби меѓу Вардар и Пелистер. „Црвено-црните“ со млади играчи и мини подготовки од неколку дена ќе истрчат на првиот натпревар од пролетната полусезона во ПМФЛ. Битолчани иако гостуваат во Скопје, сепак ќе имаат блага предност во однос на вардарци.

Силекс на домашниот терен во Кратово ја стартува пролетната полусезона против есенскиот шампион Шкендија и ќе се обиде да го изненади фаворитот за титула во домашното првенство.

Борец ќе биде исправен пред сериозен предизвик против засилениот Шкупи кој атакува на титула во ПМФЛ. Велешани ќе го искористат домашниот терен за изненадување нпротив амбициозната екипа од Чаир, која во Велес доаѓа по три бодови и ништо друго.

Интересно дерби ќе се одигра и во Струга, каде амбициозната Струга Трим Лум ќе се соочи со разиграната Македонија ЃП. Двете екипи одиграа фантастична есен. Струга финизираше на четвртото место, а во недела ќе се бори за позитивен резултат против „лавовите“ кои во пролетниот дел ќе водат борба за излез во Европа.

Ренова на домашен терен ќе ја пречека последнопласираната Беласица. Избраниците на Ќатип Османи ќе важат за фаворити, а „ремонтираната“ Беласица предводена од Ѓоре Јовановски ќе атакува на позитивен исход од натпреварот во тешката борба за опстанок која ќе ја водат струмичани.

Сите натпреварит ќе стартуваат во 14:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!