Академија Пандев го засили нападот со Марко Ѓорѓиевски

Академија Пандев денес го претстави младинскиот репрезентатиец Марко Ѓорѓиевски како ново засилување. 22-годишникот во Струмица доаѓа од редовите на шампионот Шкупи каде настапуваше како позајмен играч од српски Вождовац, а во Струмица доаѓа како слободен игра.
Во својата кариера има настапувано и за велешки Борец, Раднички Пирот и младинските категории на Вардар.
За македонската репрезентација од 21 година, Ѓорѓиевски има запишано шест застапи со еден погодок.
„Пандевци“ веќе интензивно се подготвуваат за европскиот предизвик. Струмичани главниот дел од подготовките ќе го поминат во Банско, Бугарија, а закажани се и четири пријателски натпревари. Во првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, Академија Пандев ќе се соочи со Лехија Гданск. Првиот меч се игра во Полска.