ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев го доби ноќниот дерби дуел со Ренова, „пандевци“ осамени на врвот во ПМФЛ

Каков одличен старт за Академија Пандев во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, вечерва во Струмица „падна“ и Ренова, со што „пандевци“ остануваат осамени на врвот од табелата. Струмичките фудбалери под рефлектори на „Благој Истатов“ славеа со резултатот од 2:1, иако во самиот финиш имаа неколку квалитетни шанси и за поголема разлика.

„Гипсарите“ први стигнаа до водство во 24. минута со погодок на Јусуфи, а на полувреме резултатот беше 1:0. На стартот од вториот дел „пандевци“ брзо го свртеа резултатот во нивна полза. Најпрво Стојчевски ја стресе мрежата за 1:1 во 49. минута, а само седум минути подоцна Велиновски погоди за 2:1, резултат кој стана конечен.

Во однос на табелата Академија Пандев е прва на табелата со 10 бодови, два повеќе од Струга Трим Лум која е втора. Ренова сега со седум бодови останува на третата позиција на табелата.

Во следното коло Академија Пандев ќе гостува во Штип каде ќе ги одмери силите со Брегалница, додека Ренова во Тетово ќе игра против Работнички.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!