ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев ги започна подготовките за европските настапи, закажани четири контролки

Академија Пандев ги започна подоготвките за европските настапи односно за квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

„Пандевци“ веќе трет ден како тренираат во рамки на летните подготовки, а веќе е договорено и првото странско засилување. Станува збор за францускиот интернационалец Мака Гакоу, кој игра на позицијата лев бек.

Струмичани закажаа и четири контролни натпревари преку кои ќе се темпира формата. „Пандевци“ на 17. јуни во Скопје ќе играат пријателска против косовскиот тим Балкани, два дена подоцна ќе заминат на подготовките во Банско, Бугарија, каде што ќе се играат пријателски натпревари со Черно Море на 21. јуни. Четири дена подоцна Академија Пандев ќе го одигра третиот контролен натпревар против Левски, а на 29. јуни ќе бидат заокружени подготовките на бугарско тло со контролката против ЦСКА 1948.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!