Куп на МакедонијаФудбал

Академија Пандев ги реши „лавовите“ и обезбедија финале од Купот на Македонија

Академија Пандев со голема победа над Македнија Ѓорче Петров во Скопје си обезбеди повторно финале, откако „пандевци“ со 1:3 ги решија „лавовите“.

Гостите од Струмица стартуваа одлично и стигнаа први до водство со гол на Ферати во 14. минута од натпреварот. Следуваше притисок од домашната екипа, која преку Ајрулаху израмни на 1:1. Голема предност за „лавовите“ беше црвениот картон на Ферати, со што домашната екипа имаше фудбалер повеќе на теренот.

Во вториот дел избраниците на Жикица Тасевски правеа притисок за да стигнат до водство, но немаше реализација, па тоа го казни Академија Пандев со ново водство од 1:2, овој пат голот беше постигнат од пенал, а успешно реализираше Радески.

Македонија ЃП се обиде со сите сили да дојде до ново израмнување, но во финишот од натпреварот Радески стави крај на надежите на „лавовите“ со втор гол од пенал за конечните 1:3.

Академија Пандев е првиот финалист, а противникот ќе го дознае утре од дуелот меѓу Струга Трим Лум и Силекс кој се игра на Градскиот стадион во Струга.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!