Европски ФудбалФудбал

Ајакс со јасен став: Тадиќ не се продава

Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс ги негираше шпекулациите дека Душан Тадиќ ќе го напушти клубот, потенцирајќи дека нема шанси раководството да се согласи на продажбата на српскиот фудбалер.

Претходните денови имаше информација дека Тадиќ може да го напушти Амстердам. Се споменуваше можноста за продолжување на неговата кариера во Милано, а италијанските медиуми веќе напишаа дека тој се договорил за личните услови со „росоњерите“.

„Душан Тадиќ не се продава. Нема шанси клубот да го пушти да си замине. Тој ќе остане во Ајакс. Душан е исклучително важен играч за нас“, истакна Овермарс.

„Тој е пример за вистински професионалец кој привлекува млади играчи заедно. Тој има менталитет како врвен спортист.“

Минатата сезона, Тадиќ одигра 51 натпревар за Ајакс, постигна 22 гола, со 26 асистенции. Неговиот договор со холандскиот тим важи до 30 јуни 2023 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!