Агуеро веќе доби четири понуди за работа

Агуеро со солзи во очите на прес-конференција ја објави тешката одлука што мораше да ја донесе поради срцева аритмија.
Агуеро летово дојде во Барселона како слободен играч од Манчестер Сити, каде мина една деценија и стана најдобар стрелец во историјата на „Граѓаните“, но пред неполни три месеци му беше дијагностицирана аритмија откако се пожали на болка во градите и вртоглавица за време на натпреварот против Алавес.
Тој сега доби четири понуди за нова работа. Неговиот поранешен клуб Манчестер Сити сака Агуеро да биде актуелен амбасадор на клубот. Покрај таа понуда, Агуеро има и две понуди од Аргентина, едната да биде помошник тренер на Лионел Скалони во репрезентацијата, а другата да води една од помладите категории во Аргентина.
Четвртата понуда засега е да работи како стручен коментатор на една од најголемите ТВ мрежи.
Пред да дојде во Барселона, Агуеро играше за Индепендиенте, Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, за кои постигна 260 гола на 390 натпревари, од кои 184 во Премиер лигата.