Европски ФудбалФудбал

Агуеро се пензионира во среда

Иако нема вести ниту од клубот, ниту од самиот играч, каталонскиот „Ел Периодико“ пишува дека Серхио Агуеро во среда сигурно ќе објави дека се повлекува од фудбалот. Аргентинецот на крајот на октомври дозна дека има проблеми со срцето.

Тој играше за Барса против Алавес на 30 октомври, кога беше откриено дека има аритмија. Тој неколку дена беше во болница на детални контролни и испитувања, а како што стојат работите ќе мора да го напушти професионалниот фудбал.

Целата оваа сезона се претвори во кошмар за Кун Агуеро. Тој се пресели од Манчестер Сити во Барселона за да игра во истиот тим со неговиот голем пријател Лео Меси. Но, прво Лионел си замина од Барса, а потоа се здоби со повреди, а на крајот мораше да ги закачи копачките за да не си го ризикува животот.

За Барса одигра вкупно пет натпревари и постигна еден гол. Во Манчестер Сити беше цела деценија и за тој клуб на 390 натпревари постигна 260 голови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!