Европски ФудбалФудбал

Агуеро е лут и сака да ја напушти Барселона

Според каталонските медиуми, Серхио Агуеро на управата на Барселона и рекол дека сака да го напушти клубот. Се е секако поврзано со заминувањето на Лео Меси од Барса.

Шпанските медиуми пишуваат дека Агуеро побарал веднаш да ја напушти Барселона. Имаше голема желба да игра со својот пријател Лео Меси во Барселона, и конечно за него се оствари кога дојде како слободен играч од Манчестер Сити. Се чини дека Кун Агуеро имаше гаранции дека Меси ќе остане во Каталонија, бидејќи сега кога Лео си заминува, поранешниот играч на Сити и Атлетико не е среќен.

Серхио наводно побарал од адвокатот да ги провери можностите за раскинување на договорот уште пред да заигра за Барселона.

Италијанците веќе пишуваат дека Интер е тим кој е заинтересиран за Агуеро и би го донел како замена за Ромелу Лукаку за кого многумина нудат големи пари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!