ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Аеродром го збриша Илинден, висока победа за Башкими, по три бода за БВК Коњаре и Петровец

Аеродром ја забележа најубедливата победа во 3. коло од Трета лига – Север, откако денес со 7:, славеше над Илинден. Хет-трик постигна Дамјан Пешовски, а по еден гол постигнаа Петар Киприновски, Кристијан Апостоловски, Леонид Филиповски и Лука Недељковиќ.

Висока победа однесе и составот на Башкими кој дома со 7:2 славеше над Раштак. За домашниот состав двојни стрелци беа Самир Крутај, Бехар Реџепи и Егзон Азири, а еден гол постигна Амар Имери. За гостите стрелаа Николче Стојановски и Бобан Стојановски.

Еуромилк ГЛ и ССК Нова го поделија „пленот“ играјќи без погодоци (0:0).

БВК Коњаре со 3:1 дома славеше над Фортуна со погодите на Орхан Мифтар, Исмаил Абдуловски и Гезим Бакиевски. За гостите погоди Јасир Мемедовски.

Риниа со двата погодоци на Харис Азизи и едниот гол на Бесир Јусифи ја совлада Беса Влазрими (3:1). За гостите погоди Локман Шабани.

Волково беше дома поразен од Петровец (1:2). За домашниот тим погоди Даниел Боневски, а пак за гостите Халил Калач и Стојанче Трајков.

Башкими Љуботен со двата погодоци на Еркан Фетаи стигна до триумф над Студена Вода од 2:0.

Маџари Солидарност на домашен терен со 2:0 славеше над Кадино. Стрелци на погодоците беа Никола Миновски и Андреј Рајатоски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!