Аеродром до голем бод против лидерот Беса Влазрими, Фортуна го збриша „фенерџијата“ Речица

Викендот се одиграа натпреварите од 13. коло од Третата лига – Север.
Башкими со 2:0 беше подобар во дуелот со Илинден. Првиот гол на средбата падна во 39. минута, а стрелец беше Каили Ељмедин. На стартот од вториот дел Башкими преку нововлезениот Азизи Јетон зголеми на 2:0, а до крајот на мечот мрежите мируваа и на двете страни.
Риниа дојде до голема победа над фаворитот Студена Вода, откако на тешкото гостување славеше со 1:2. Гостите дојдоа до рано и големо водство, откако во 8. минута Даути Орхан погоди за 0:1, а само пет минути подоцна Абдула Бесир постигна гол за 0:2. Во 37. минута нововлезениот ЗЛатковски Кристијан постигна гол за 1:2. Во вториот дел мрежите мируваа, па резултатот од 37. минута стана конечен, а Риниа дојде до големи три бода.
ССК Нова извлече голем бод од дуелот со Њу Јорк, откако ремизираше играјќи 1:1. Гостите со гол во 4. минута дојдоа до рано водство, а стрелец беше Мамути Хасан. На полувреме резултатот беше 0:1. Во вториот дел ССК Нова одигра одлично и со гол на Стевковски Дарко во 70. минута дојде до 1:1, резултато кој стана и конечен.
Њу Старс без многу проблеми дојде до победа над Волково од 2:0. Двоен стрелец на натпреварот беше Малов Ѓорѓи, кој првиот гол го постигна во 22. минута, а вториот во 56. минута.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Колото беше комплетирано денес.
Фортуна со високи 8:1 се „распука“ кон „фенерџијата“ Речица. Домаќинот го отвори резултатот во 12. минута со гол од пенал, а успешно реализираше Шаип Еркан. Пет минути подоцна Фета Бехар ја погоди противничката мрежа за 2:0. Во 24. минута Шаип со втор гол донесе водство од 3:0. Пред крајот на првиот дел Јахији Џемиљ постигна гол за 4:0 на полувреме. На стартот од второто полувреме Фета со нов гол зголеми на 5:0. Во 56. минута Маслани Јакуп зголеми на 6:0. Авдули Џезаир зголеми на 7:0, а Јахији Џемиљ на 8:0. Конечните 8:1 ги постави Кипријановски Христијан кој постигна гол од пенал во 88. минута.
Раштак загуби дома од Маџари Солидарност со 1:3. Во првиот дел од натпреварот немаше погодоци, а во вториот дел беа постигнати сите четири погодоци. Резултатот беше отворен во 57. минута со погодок на Спировски Мартин, кој во две минути подоцна со нов гол зголеми на 0:2. Четири минути подоцна Раштак намали на 1:2 со гол на Стојановски Николче. Конечните 1:3 ги постави Додевски Дарко во 82. минута.
Петровец добива службени три бода од натпреварот којшто требаше да го одигра со дисквалификуваната Локомотива Бентоекспорт.
Лидер останува Беса Влазрими со 34 бодови, а еден помалку има Фортуна која е втора, на третото место е Маџари Солидарност со 27 бодови.
Еден Коментар