Европски ФудбалФудбал

Адеми и Ристовски со триумф среде Лондон, Звезда како лидер оди во втората фаза во ЛЕ

Динамо Загреб и македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефин Ристовски кој беа стартери забележаа минимален триумф во Лондон над Вест Хем (0:1) и со тоа го обезбедија второто место во групата кое води во 1/16 финалето од Лигата на Европа. Хрватскиот тим славеше со голот на Мислав Оршиќ постигнат во 4. минута.

Рапид Виена славеше со минимални 0:1 над Генк и својата европска авантура ја продолжува во Конференциската лига на УЕФА.

Црвена Звезда одигра 1:1 против Брага и како лидер во групата оди во втората фаза од ЛЕ. Марсеј со минимални 1:0 славеше над Локомотива Москва, а пак дуелот меѓу Лацио и Галатасарај заврши без погодоци (0:0). Селтик со 3:2 славеше над Бетис.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!