Европски ФудбалФудбал

Абрамович сега има португалско државјанство

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, доби португалско државјанство и го додаде во „колекцијата“ која вклучува руски и израелски пасоши и патни исправи на земјите-членки на ЕУ.

Портпаролот на Абрамович ја потврди веста која ja објави португалската јавност, која се повикува на документи од Министерството за правда на Португалија, во кои се наведува дека рускиот милијардер има државјанство на Португалија од 30 април годинава.

Абрамович доби португалско државјанство врз основа на законот со кој оваа земја нуди државјанство на сефардските Евреи. На овој начин, илјадници Евреи добија португалско државјанство од 2015 година, кога законот стапи на сила. Сличен закон беше усвоен во 2019 година од Шпанија.

Медиумите во Португалија наведуваат и дека Абрамович направил дарежлива донација за проекти со кои се оддава почит на португалската заедница на сефардските Евреи во Хамбург.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!