ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ристевски: Веруваме во себе, со поддршка од навивачите можеме и до бодовите против Тиквеш

По двата одлично одиграни натпревари во претходните две кола против Академија Пандев и Струга ТЛ, без сомнение фудбалерите на Брегалница со дополнителен мотив го очекуваат и утрешниот дуел од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига против кавадаречки Тиквеш.

Јасно е дека „сините“ со поддршка и од секогаш верните навивачи од трибините посакуваат победа против Тиквеш со која ќе се продолжи позитивната низа.

„Погледите ги насочуваме кон дуелот со Тиквеш, и секако желбата за нов позитивен резултат“ – вели дефанзивецот Александар Ристевски кој постигна убав гол на последниот меч со Струга ТЛ.

„Добро е познато дека Тиквеш има квалитетен, компактен, тим.  Ние сме во добра форма, но не смее да има ниту најмало опуштање. Напротив, мора да има максимален ангажман ако сакаме да дојдеме до трите бода и против Тиквеш. Веруваме во себе, знаеме дека можеме од натпревар во натпревар секогаш подобро и со поддршка од нашите секогаш верни навивачи можеме до бодовите“ – дополнува Ристевски.

Утрешниот натпревар меѓу Брегалница и Тиквеш во Штип се игра со почеток од 13 часот. Правдата ќе ја дели Јован Качевски од Струга.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!