РакометРакомет - Суперлига

Пролет го победи Радовиш и чекори кон плеј-оф

Ракометарите на Тинекс Пролет запишаа нова победа над Радовиш со 27:21 во меч од 12. коло од групата А од Суперлигата. Во првиот дел од натпреварот радовишани му парираа на домаќинот и на полувреме резултатот беше 13:12. Во вториот дел од натпреварот Пролет покажа квалитет и доминација и успешно запиша нова победа.

Тинекс Пролет по десет одиграни натпревари е на второто место на табелата и е сигурен на патот кон обезбедување на плеј-оф, додека Радовиш ќе игра во плеј-аутот.

Најдобар играч кај Тинекс Пролет беше Пејовиќ со десет гола, додека кај гостите од Радовиш најдобар беше Илиев со седум погодоци.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!