ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Малеш и Брегалница Делчево убедливи, Карбинци со победа над Спартмани

Малеш и Брегалница Делчево убедливи, Карбинци со победа над Спартмани

Малеш го „потопи“ Василево на домашен терен со 8:1, па гостите од Василево поради повреди на играчи во 55. минута се решија да го напуштат натпреварот и истиот беше прекинат од страната на судијата. Натпреварот најверојатно и ќе биде запишан како службена победа на домаќините од 3:0. Беровчани дојдоа до седма сезонска победа, додека „фенерџијата“ Василево без освоени бодови е „закован“ на последната позиција на табелата.

Брегалница Делчево го торпедираше Раклиш со убедливи 6:0 на домашен терен. Екипата од Делчево ја запиша седмата сезонска победа, додека радовишани го претрпеа петтиот сезонски пораз.Спартмани се „лизна“ во Карбинци и со минимални 1:0 загуби од истоимената екипа. Карбинци влезе во позитивна серија и на последните четири натпревари нема пораз, а денешното изненадување е уште една потврда за позитивната атмосфера во екипата.

Детонит на Градскиот стадион во Радовиш го сруши Работник Џумајлија со висои 6:1 и останува во „трка“ за првото место и влез во Втората лига, што е прва цел на радовишани.Дербито на „Кукуш“ му припадна на Хоризонт Турново, кој со 2:1 беше подобар од очајната Тиверија. Турновци беа подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено дојдоа до трите бодови.

Тиверија никако да пронајде решение за излез од резултатската криза и денес претрпе нов пораз.Брегалница е лидер на табелата со 22 освоени бодови, еден помалку има Малеш, додека Детонит е трет со 20 бодови. Трите екипи важат за најсериозни кандидати за влез во Втората лига, што ќе понуди возбудлива пролет. На долниот дел од табелата е Василево кој нема освоено бодови, место погоре е Работник со 4 освоени бодови.

Reklama

Поврзани Наслови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!