ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Македонија до СП во Катар преку Германија, Романија, Исланд…

Македонија до СП во Катар преку Германија, Романија, Исланд…

Денес во седиштето на ФИФА во Цирих се одржа жрепката за европските квалификации за пласман на Светското првенство кое за прв пат ќе се одржи на зима во Катар 2022 година.

Македонската репрезентација беше во четвриот шешир во изборот. Македонија по ждрепката се најде во групата Ј, каде ќе се судри со селекциите на Германија, Романија, Исланд, Ерманија и Лихтенштајн.

Eвропските квалификации за СП 2022:

ГРУПА А: Португалија, Србија, Република Ирска, Луксембург, Азербејџан

ГРУПА Б: Шпанија, Шведска, Грција, Грузија, Косово

ГРУПА Ц: Италија, Швајцарија, Северна Ирска, Бугарија, Литванија

ГРУПА Д: Франција, Украина, Финска, БиХ, Казахстан

ГРУПА Е: Белгија, Велс, Чешка, Белорусија, Естонија

ГРУПА Ф: Данска, Австрија, Шкотска, Израел, Фарски Острови, Молдавија

ГРУПА Г: Холандија, Турција, Норвешка, Црна Гора, Летонија, Гибралтар

ГРУПА Х: Хрватска, Словачка, Русија, Словенија, Кипар, Малта

ГРУПА И: Англија, Полска, Унгарија, Албанија, Андора, Сан Марино

ГРУПА Ј: Германија, Романија, Исланд, Македонија, Ерменија, Лихтенштајн

Што се однесува до пласманот, само првопласирани селекции ќе обезбедат директно учество на Мундијалот, додека вторите ќе играат плеј-оф и тоа ќе мора да поимнат две рунди. Покрај десетте второпласирани од квалификациите, две репрезентации ќе обезбедат учество во плеј-офот и преку Лигата на нациите, односно двете најдобро рангирани во наредното издание на Лигата на нациите кои не се веќе пласирани на Светското првенство ќе учествуваат во полуфиналниот бараж.Квалификациите ќе стартуваат во март идната година со три натпревар, потоа три натпревари ќе се одиграт во септември, додека во октомври и ноември ќе бидат одиграни по два меча.

Поврзани Наслови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!