Одбојка

Џио Струмица убедлив против Универзитет во Тетово и без пораз ја заврши полусезоната на првото место

Џио Струмица одигра фантастичен натпревар во „Парк“ и со убедлива победа и без загубен сет го доби дербито со Универзитет во Тетово и без пораз и на првото место ја заврши полусезоната.

Струмичани првиот сет го добија со 25:23, во вториот се радуваа при резултат од 25:22, а со ист резултат беа подобри и во третиот сет.

Во однос на табелата, Џио Струмица е на врвот со 27 бодови, три помалку има Универзитет во Тетово, Вардар е трет со 21, а ГОК Борец е четврт со 18 бодови.

Поврзани Наслови

Со девет победи Џио Струмица ќе влезе во Втората фаза – 1, во којашто во четири круга со вкупно 12 натпревари ќе играат и Универзитет во Тетово, Вардар и ГОК Борец. Универзитет има осум, Вардар седум, а велешани шест триумфи во друштвото на екипите со веќе обезбеден полуфинален статус. Натпреварите од наредниот сегмент продолжуваат претстојниот викенд, а потоа ќе има пауза поради подготовките на македонската репрезентација за настапот во јануарските квалификации за Европското првенство наредната година.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!