ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби меѓу Превалец и Дојранско Езеро, Обршани пред сериозен испит со разиграната Локомотива

Денес се игра вонредното 11. коло од Третата лига – Југ. Дерби меч меѓу домаќинот Превалец и Дојранско езеро, во кое и двете екипи ќе атакуваат на победа и три бодови за прогрес кон врвот од табелата, што е прва цел и на двете екипи.

Обршани на домашен терен ќе биде пред сериозен испит со разиграната Локомотива од Градско и екипа која е сериозен конкурент за Втора лига. Ново Црнилиште гостува кај Илиден БС, каде екипата од Црнилиште ќе важи за апсолутен фаворит за победа, Вардар Неготино на домашен терен ќе се соочи со Марена, во меч каде домаќините се фаворити.

Големо Коњари на домашен терен ќе се соочи со екипата на Питу Гули од Крушево, Младост 1930 во Кривогаштани ќе биде домаќин на лидерот Напредок од Крушеани. Динамо на домашен терен ќе има тешка задача против расположениот Младост од Удово.

Натпреварите ќе започнат во 13:00 часот и ќе се играт без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.2.942Опфатени луѓе168ИнтеракцијаПромовирањето е недостапно

282810 споделувањаМи се допаѓаКоментирајСподели

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!