ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Дарбо со ТРИ гола го реши Пелистер, скопското дерби без победник

Дарбо со ТРИ гола го реши Пелистер, скопското дерби без победник

Скопското дерби меѓу Вардар и Работнички заврши без победник, со резултат 0:0. По еден бод и за двете екипи, кои немаат напреднок на табелата. Дембо Дарбо го реши Пелистер со три гола и му донесе три бода на неговиот Шкупи.

Пелистерци први го отворија резултатот преку Маневски во 18. минута од мечот, а радоста траеше само три минути, откако Дарбо постигна гол за 1:1. По неколку минути игра, Дарбо повторо ја стресе мрежата на битолчани за 1:2. Во вториот дел Шкупи продолжи да игра одлично и повторно преку Дарбо во 55. минута Шкупи зголеми на конечните 1:3.Македонија Ѓорче Петров повторно ја надигра Беласица и од Струмица се враќа со големи три бода. Гостите го отворија резултат во 37. минута преку Божиновски, а домаќините веднаш вратија со гол преку Коцев во 41. минута за 1:1.

Во вториот дел Македонија ЃП продолжи со одличната игра и преку Адем во 53. минута поведе со 1:2, а во 73. минута Петров постигна гол за 1:3.Ренова дома ремизираше без голови и дојде до бод против Силекс. Реми и во Струга меѓу Струга Трим Лум и Академија Пандев, кои одиграа 1:1. Домаќините преку пенал во 57. минута дојдоа до водство, а успешно реализираше Ристевски. Во 71. минута Стоилов постигна гол од фантастично изведен слободен удар, кој на „пандевци“ и носи голем бод од тешкото гостување.

Вчера Шкендија во Велес со 0:2 го совлада Борец и останува непоразен лидер на табелата во Првата лига. Шкендија со 33 бодови е на врвот на табелата, два помалку има Шкупи, додека на третото место се „лавовите“ со 29 бодови. На долниот дел од табелата е Беласица со 9 бодови, два повеќе има Академија Пандев која е на претпоследното место.

Поврзани Наслови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!