Вистинска голеада на секој натпревар од 23. коло на Трета лига – Запад, најмалку три гола имаше во Кичево, а најмногу во десет имаше во Боговиње.
Екипата на Влазерими со 3:0 го доби тимот на Речица во вториот дел преку Муслија, Адили и Ајдини.
Дрита на домашен терен со 7:3 славеше голема победа над Вардар од Брвеница. За домашниот тим хет-трик постигна Џемаили, Алили имаше два гола, а по еден постигнаа Рушити и Елмази. За гостинската екипа Кстадиноски, Глигуроски и Ристоски беа стрелци, а погодија во првиот дел.
Џепчишти со високи 5:2 на домашен терен триумфираше над некогашниот прволигаш Напредок од Кичево. Садики беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден погодија Азиз, Синани и Алији, а пак за гостинот во вториот дел стрелци беа Котевски и Аврамовиќ.
Новиот шампион Тетекс на домашен терен загуби од екипата на Љуботен со 3:4. Во првиот дел беа постигнати четири гола за 2:2 на полувреме, а во вториот дел најстариот македонски фудбалски клуб обезбеди победа.
Бурак Менга и Ерјон Алмази со два гола беа стрелци за „штофарите“, а Љуботен погодија Аризанкоски, Тасос, Симњановски и Димитриоски.
Во меч со седум гола екипата на Зајази прослави домашна победа со 4:3 над некогашниот прволигаш Ренова. Хашими стрелаше во 7. и 48. минута, а пак Алими во првиот дел, а Муслиу во вториот дел за Зајази, за „гипсарите“ Селмани погоди во првиот дел, а Саити стрелаше двапати во второто полувреме.
Велазерими Слатино во Теарце со 4:1 го доби убедливи Камјани. Вељии погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Фетаи стрелаше за 2:0 во 55. минута, две минути подоцна Гавази намали на 2:1. До крајот на мечот со двата гола на Мемеди домашниот тим обезбеди победа.