Екипата на Евротип ја декласираше Сатеска од Волино со убедливи 0:7 на теренот во Кукуречани, во меч од 18. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.
Теренот во Волино е суспендиран на 12 натпревари, па така Сатеска како домаќин мора да игра на 50 километри од својот терен, па мораше да игра во Кукуречани.
Уште во првиот дел беше најавена победата кога екипата на Евротип имаше 0:4 на полувреме, откако погодија Јанакиевски, Делов, а двапати стрелаше Јовановски.
Во второто полувреме Петрески, Ќебаковски и Марцевски ги поставија конечните 0:7 за лото победа на Евротип.
Демир Хисар преку трите гола на голгетерот Стефан Каревски дојде до победа од 3:0 над Славеј од Мешеишта.
Света Троица забележа многу важна победа од 3:1 над Влазними на домашен терен. Петковски и Речкоски погодија за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Приштина постигна гол за 2:1 во 68. минута, а пак во 83. минута Џајкоски ги постави конечните 3:1.
Лидерот Преспа беше пресилен на домашен терен над Велешта со убедливи 5:1, а во меч каде искусниот Пластиновски имаше два гола, а по еден гол постигнаа Попоски, Колоски и Сулејмани.
Реми со шест гола во Дебар на Кораб и Караорман за 3:3. Фатјон Леши беше двоен стрелец за домашниот тим, а гол даде и Адис Трапи, за гостинот по еден гол постигнаа Ивица Ќелешоски, Игор Клечкароски и Ненад Балоски.
Во следното коло Преспа и математички ќе стане шампион во Трета лига – Југозапад со што тимот од Ресен ќе игра бараж за можен влез во Втора лига.