Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Слога Виница ја подигна шампионската титула во Трета лига – Исток, сега фокусот е на баражот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Третолигашот Слога Виница денес, пред својата публика на Градскиот стадион во Виница, ја подигна шампионската титула и со тоа го обезбеди баражот за можен влез во Втората лига.

Тимот на Емил Грнев доминираше оваа сезона и немаше конкуренција кога станува збор за првото место, па буквално се прошета низ лигата.

Тимот од Виница денес на домашен терен го одигра последниот меч против Карбинци, кој заврши со лото победа од убедливи 7:1 за шампионот. Тоше Стојанов во 11. минута го отвори резултатот за водство од 0:1, а потоа Миле Димитров си постигна автогол во 20. минута за 1:1, а до крајот на првиот дел Слога Виница направи комплетен пресврт и на полувреме имаше 3:1, откако погодија Филип Петковски и Љупчо Христовски.

Во вториот дел се распадна тимот на Карбинци, откако пресилната Слога преку нови три гола на Петковски за вкупно четири и гол на искусниот Иван Настевски – Меси обезбеди победа од 7:1.

  • ШПАЛИР ВО ВИНИЦА И ДОДЕЛУВАЊЕ НА ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР НА СЛОГА:

Момент кој исто така треба да се забележи е тоа што голманот Антонио Столевски кој денес бранеше во вториот дел од мечот нема примено погодок откако пристигна во Виница во зимскиот преоден рок.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Во следното, последно 18. коло, Слога Виница ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле, а потоа ќе го чека датумот и можниот противник за баражот за Втора лига.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Речиси сите екипи се познати – покрај Слога Виница, која е шампион во Трета лига – Исток, титули освоија и Шкендија Арачиново (Север), Тетекс (Запад), Преспа од Ресен (Југозапад, пред официјална потврда), како и Големо Коњари (Југ).


Речиси сигурно е дека второлигашот Осогово од Кочани ќе игра бараж за опстанок во Втората лига.

Шампионскиот пехар на шампонот Слога Виница го додели претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Кочани, Александар Андов на капитенот на Слога Виница, Александар Илиев.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање! | Александар Андов го доделува шампионскиот пехар на капитенот Александар Илиев

Во текот на оваа недела следете ја ексклузивната емисија на Спортска Мрежа за тоа како ќе се пополни Втората лига, откако Воска Спорт и Гостивар се откажаа од натпреварувањето во Прва лига!

Што се однесува до останатите натпревари од претпоследното 17. коло, во Делчево немаше победик и немаше погодоци, 0:0 на Брегланица и Овче Поле. Светлост Зрновци со автоголот на Ване Митев дојде до победа од минимални 1:0 над Дојранско Езеро.

Некогашниот прволигаш Хоризонт Турново со убедливи 1:4 триумфираше во Пирава над Ударник. Трајче Димитриев и Ѓорги Коцевски беа стрелци за гостинот, а резултатот го отвори Александар Тенекеџиев во 5. минута, со што значи дека Турново до победата дојде преку пресврт.

Во Струмица беа постигнати осум гола, но немаше победник откако Тиверија и Малеш ремизираа играјќи 4:4.


На полувреме екипата на Тиверија имаше водство од 2:1, откако Пандевски погоди за 1:0, а потоа Стојанов за 2:0 во 41. минута, една минута подоцна Пачемски постигна гол за 2:1 по првите 45 минути.

Во вториот дел продолжи неизвесноста откако Дестанов израмни на 2:2, а пак Пачемски со втор гол направи пресврт за 2:3. Следуваше автогол на Матеј Левков за 3:3, а потоа Пилов погоди за ново водство на гостинот од Берово за 3:4, а во 86. минута Шилинов ги постави конечните 4:4.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!