Утре ќе бидат одиграни четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
Во Струга со почеток од 13 часот ќе се соочат Ас Јунајтед и фаворитот Каменица Саса, а главен судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид, додека пак во Битола главен судија ќе биде Димитар Левески од Охрид кој ќе им суди на Атлетико и фаворитот Тиверија Брера, а овој меч ќе започне во 15 часот.
Второтолигашот Вардар ќе игра против прволигашот Љуботен кој ќе биде апсолутен фаворитот, каде Ангела Рајчевски од Скопје ќе биде задолжена да ја дели прадата, а стартот е закажан за 16 часот.
Во 17 часот во Пржино ќе се соочат Скопје и Истатов, а за правдата ќе биде задолжен Иле Никодиноски.
Победниците од утрешните натпревари патуваат во полуфиналето.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 1/4 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА ЖЕНИ:
Ас Јунајтед – Каменица Саса, Фатмир Бафто (Охрид)
Атлетико Тиверија Брера, Димитар Левески (Охрид)
Вардар – Љуботен, Ангела Рајчевска (Скопје)
Скопје – Истатов, Иле Никодиноски (Скопје)