Слога Виница го уништи Ударник со убедлива победа од 13:0 во натпревар на 15. коло на Третата фудбалска лига – Исток, а кој се играше на Градскиот стадион во Виница.
Натпреварот го одбележа ефектниот гол на Иван Настевски популарен како Меси, кој од слободен удар директно ја „распука“ мрежата на Ударник, голманот на гостинот од Пирава, Димитар Петров беше немоќен при таков мајсторски до милиметар прецизен удар.
- ГОЛОТ НА ИВАН НАСТЕВСКИ ОД СЛОБОДЕН УДАР ПРОТИВ УДАРНИК ВО ВИНИЦА: