Вардар Неготино е пред потврдување на директниот опстанок во Втората македонска фудбалска лига, особено после триумфот од 0:1 над Победа во Прилеп, со што тимот на Горан Тодорчев дојде до огромни три бодови со цел потврда на директниот опстанок на неколку кола до крајот, а со тоа и мирна завршница од сезоната.
Пред Вардар Неготино денес е мечот со Брегалница од Штип, каде трите бодови им се императив и на двете екипи. Ако Вардар Неготино сака три бодови за потврда на директниот опстанок, Брегалница сака три бодови за директен влез во Прва лига.
Квалитетот и ростерот на играчи го прави тимот од Штип да биде фаворит на денешниот меч, но Вардар Неготино ќе се потпира на домашниот терен и на поддршката од публиката и на верните „Винари“, кои сигурно ќе даваат поддршка денес од трибините.
Тимот од Тодорчев и со бод ќе биде задоволен, но тимот на Ристе Наумов само со три бодови ќе биде задоволен, бидејќи со пораз или реми Брегалница ќе направи одново чекор назад во однос на водечките екипи Македонија ЃП и Башкими на патот кон директен влез во ПМФЛ.
„Цвај арената“ ќе биде предизвик за Брегалница, тој притисок кој ќе се создава за трите бодови ќе биде уште еден предизвик за „сините“ да дојдат до 15-тата сезонска победа и со тоа да го следат чекорот на водечките Македонија ЃП и Башкими, а притоа да не дозволат Арсими да направи бодовна разлика, ако тимот од Чегране денес триумфира во Автокоманда над Скопје.
Брегалница има ефикасне напад, но Вардар Неготино нема одбрана со која може да се пофали, па затоа треба да бидат внимателни домаќините пред се затоа што Брегалница е многу опасна преку капитенот Давид Калпачки, кој е најдобра стрелец за тимот од Штип, Иван Галевски, Иван Глиров, секако и Благој Хаџи-Кимов кој иако е играч од прва зона знае да постигна погодоци и да го реши натпреварот, опасност може да има и од Стефан Бабунски.

Натпреварот ќе започне во 16 часот, а главен судија на истиот ќе биде Пларент Салихи од Тетово.
Натпреварот ќе можете да го следите во ЖИВО и преку пренос од Неготино, а коментатор ќе биде Александар Ванев од Спортска Мрежа.
- ВО ЖИВО: ВАРДАР НЕГОТИНО – БРЕГАЛНИЦА: