Ракометната федерација на Македонија ги одложи сите денешни натпревари кои беа закажни.
Од РФМ преку соопштение информираа дека сите денешни натпревари во сите категории се одложени поради големата трагедија во Кочани.
„Ракометната федерација на Македонија по големата трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории. Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата. Упатуваме искрено сочувство“, се вели во соопштението на Ракометната федерација на Македонија.
Ноќеска во Кочани се запали дискотека во која животот го загубија најмалку 51 лице.