Холандија, репрезентацијата против која ќе игра во петок го декласираше дебитантот Гвинеја со 40:23, победа која беше најавена уште во првиот дел кога резултатот беше 21:8, па во вториот дел Холандија чуваше сила и енергија за Македонија.
Чешка и Швајцарија го одиграа првото реми на Мундијалот откако двете репрезентација постигнаа по 17 гола, е вечерва е натпревар со најмалку постигнати погодоци вкупно 34.
Египет забележа висока победа со одлично прво полувреме кое беше пресудно за триумфот со резултат од 39:25.
Португалија со триумф го започна Мундијалот откако однесе висок триумф од 30:21 над САД.
Вечерва од 20:30 часот Хрватска ќе игра против Бахреин, Македонија оди на мегдан со Унгарија, Норвешка ќе игра против Бразил, додека пак дербито во А групата го играат Германија и Полска, а ќе го судат нашите најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.