Турнири

47-ми Турнир во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта

Започна пријавувањето за 47-ми Турнир во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта.

Турнирот ќе се одржи во период од 20. јуни 2022 до 12. јули 2022 за кога е закажано големото финале. Пријавувањето на екипи ќе се врши најдоцна до 18 јуни 2022 (до 20 часот).

Котизацијата односно учеството по екипа е 3.000 денари, а пријавувањето можете да го направите на 075 701 800 кај Игор Крцоски (Манце) или пак на Официјалната фејсбук страница на Турнир во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта.

Распоредот на екипите во групи ќе се врши во недела (19. јуни) во 21 часот.

„Ве молиме да го запазите терминот за пријавување, во спротивно нема да вршиме пријавување по изминатиот рок“, велат организаторите на турнирот.

Натпреварите ќе се играат во вечерните часови под рефлекторско осветлување, а правдата на истите ќе ја делат професионални судии.

Колку за потсетување турнирот секогаш привлекува голем интерес, а во своето постоење само една година (2020) направи пауза поради пандемијата со Ковид-19. Минатата сезона организаторите повторно започнаа со организација на турнирот под протоколи за заштита од Ковид-19, што е потврда за една голема и одлична организација бидејќи како што кажавме турнирот се играше според Протоколи за заштита од Ковид-19.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!